Претходната 2018 година, голем број на политичари се најдоа во жижата на интерес на јавноста, поради моменти за кои велат дека не се премногу горди што ги направиле
По овие неколку моменти и бламови на светските политичари ќе ја паметиме 2018 година:
Најмногу коментари предизвика снимката на која американскиот претседател Доналд Трамп не го затвори чадорот пред да влезе во авионот. Трамп само го спушти отворен и без него ладнокрвно си влезе внатре.
Инспиративен за медиумите беше и францускиот претседател Емануел Макрон, кој направи голем гаф, кога сопругата на австралискиот премиер ја нарече „вкусна“, наместо пријатна.
Мундијалот во Русија ќе остане запаметен по веселото однесување на хрватската претседателка Колинда Грабар Китаровиќ, која поради огненото навивање со денови беше тема број еден на светските медиуми.
2018 година ќе остане запаметена и по невообичаениот танц на британската премиерка Тереза Меј.
<
Текстот (Видео) Колинда мокра го бакнува цел тим, а Трамп не знае да затвори чадор е превземен од Reporter.mk.