Легендарниот југословенски фудбалер и втората ѕвезда на Црвена ѕвезда, Драгослав Шекуларац почина, во сабота, во Белград, на 82-годишина возраст.
Шекуларац е роден во Штип во 1937 година, а училишните денови ги минал во Белград, каде неговиот талент го забележал Дмитирије Милојевиќ тогаш тренер на БАСК.
Дебито за Црвена ѕвезда го имал на 16-годишна возраст, а една година подоцна дебитирал и за репрезентацијата на Југославија.
Во црвено-белиот дрес одиграл 460 натпревари, во периодот од 1955 до 1969 година и постигнал 159 гола. Со Црвена ѕвезда освоил седум титули и пет купови во Југославија.
Шекуларац бил играч и на Карлсруе, Сент Луис, ОФК Белгад, Санта Фе, Атлетико Бакураманга, Милионарис, Америка Кали и Париз. Од 1975 до 2006 година работел како тренер во повеќе екипи.
За репрезентацијата на Југославија настапил на 41 натпревар и постигнал шест гола. Со националниот тим го освоил сребрениот медал на Олимписките игри во 1956 година, а на Светското првенство во 1962 година четвртото место.
Текстот Почина легендарниот фудбалер Драгослав Шекуларац е превземен од Reporter.mk.