(Галерија) Борко се жени, раскошна свадба во ноќта пред Бадник

Со песна од Тони Цетински, која ја избраа за прв свадбен валцер, голманот на македонската ракометна репрезентација Борко Ристовски, вечерва прави свадба со сопругата Николина.

Веслебата е во хотелот „Мериот“, а има околу 200 гости. Тука се репрезентативците Филип Талески и Дејан Манасков, претседателот на Ракометната федерација Живко Мукаетов, а меѓу гостите се и Соња и Јохан Тарчуловски.

Ракометарот Дејан Манасков меѓу гостите на свадбата

Нина носи раскошна венчаница на дизајнерката Мила Кадриу и го украде вниманието на присутните гости. Борко, пак, е дотеран во костум од брендот „Сињори“.

Исто како Борко е облечен и нивниот син Душан, кој го носи името на починатиот татко на ракометниот голман.

На веселбата прво гостите ги забавуваше Ѓоко Танески, по него следи групата „Фрајле“,  а за крај е народниот блок со Наум Петрески.

Ѓоко Танески пее на свадбата на Борко и Николина

„Сакавме да има од се по нешто и да ни биде многу весело“, изјави Ристовски за „Репортер“.

Борко ни кажа и дека  веќе неколку дена наголемо се подготвувале за свадбата. Тој и Нина веќе се венчаа, па летото се роди синот Душан, но досега заради обврските не стигнаа да направат свадбена веселба.

„Конечно, еве ја бидна и свадбата“, ни кажа Борко.

„Свадбата ја правиме само неколку дена пред Светското првенство во ракомет кое почнува на 11 јануари, па сите гости од странство се со обврски околу подготовките и не можеа да дојдат“, кажа Борко за „Репортер“. 

Редакција „Репортер“
Фото: Д. Перковски 

Филип Талески со Николина и Борко

Соња и Јохан Тарчуловски

Николина и Борко со Соња и Јохан

Живко Мукаетов, претседател на Ракометната федерација на Македонија

 

Текстот (Галерија) Борко се жени, раскошна свадба во ноќта пред Бадник е превземен од Reporter.mk.