Студено утро во Македонија со температура што се спушти до минус 21 степен во Битола. Во Берово се измерени -17 Берово, -15 во Струмица, -14 во Прилеп и Демир Капија, -12 во Лазарополе и Крушево, -11 во Маврово, -10 во Штип и Крива Паланка, минус девет во Скопје Петровец, Охрид, Претор и Пожаране, минус осум во Дебар, минус седум во Гевгелија и Куманово, минус шест во Скопје Зајчев Рид до минус четири Дојран.
Врнежи во текот на изминтото деноноќие имало во Струмица, Демир капија, Дојран, Куманово и Виница, а снежната покривка е највисока во Маврови Анови 65 сантиметри. Во Крушево има снег 32 сантиметри, 27 во Битола, 25 Тополчани, 14 Попова Шапка, 13 Демир Капија, 12 Струмица, 10 Берово, Пожаране, Лазарополе и Ѓуриште, осум Дојран, шест Прилеп, три Претор и Крива Паланка, два Штип и еден сантиметар Куманово.
Времето утрово е умерено до значително облачно и многу студено. Локално во северните и североисточните делови провејува снег.
Во текот на денот се очекува променливо облачно време. Локално, особено во северните делови, ќе има слаби врнежи од снег. Попладне во централните и јужните делови ќе има сончеви периоди. Ќе дува умерен, а во источните делови засилен северозападен ветер.
Максималната температура ќе достигне од минус четири до четири степени.
Во Скопје времето ќе биде облачно со повремено провејување на снег. Ќе дува умерен, повремено и засилен ветер од северозападен правец. Температурата ќе достигне до еден степен.
Во наредните денови ќе преовладува променливо облачно и студено време со максимални дневни температури под или околу нулата. Утринските температури ќе бидат многу ниски, а најстудено се очекува да биде во вторник наутро кога речиси во целата земја температурата ќе се спушти под -10, а на повеќе места и под –15 степени. Нови пообилни врнежи од снег се очекуваат во среда.
Текстот Снег врне низ цела Македонија е превземен од Reporter.mk.