ОВЕН
Денес ќе чувствувате потреба да се фокусирате само на материјалните работи. Кога се прашање луѓето околу вас, очекувајте тие да бидат критично настроени. Нивните намери се добри, но можно е да ве повредат.
БИК
Обидете се да ја тргнете маската која ја носите веќе некој период. Обидете се да го засакате одразот во огледалото. Ова е идеален ден да се сконцентрирате на целите кои што сте ги зацртале. Внимателно испланирајте ја вашата иднина.
БЛИЗНАЦИ
Денес ќе бидете подготвени со секаква ситуација која што ќе ве затекне. За вас работите се одвиваат во добар правец. Искористете ја позитивната енергија која што ве опкружува. Потребна ви е малку волја за да ги доведете до крај секојдневните обврски. Ако некој ви побара помош, подајте му рака.
РАК
Не очекувајте дека ќе наидете на позитивни рекации од луѓето во вашата околина. Па ниту кога ќе се шегувате. Околу вас сите се резервирани и незаинтересирани. Ова не смее да ве обсхрабри. Потребно да се насочите кон себе и вашите лични потреби и да се посветите на обврските во кои не се вклучени другите.
ЛАВ
Ова е денот кога треба да носите разумни одлуки. Обидете се да бидете сконцентрирани на задачите. Не дозволувајте емоциите да ве совладаат иако можат да ви користат во патот на постогнување на дел од нив.
ДЕВИЦА
Шармот ќе ви биде од голема корист за исполнување на одредени цели. Во моментов не сте заинтересирани за работите и луето кои ве опкружуваат. Потребна ви е сериозност за да завршите некои работи кои подолго време сте ги планирале.
ВАГА
Денешниот ден најубаво е да го преспиете. Не се обесхрабрувајте, има луѓе околу вас кои знаат да ја ценат вашата личност и неизмерно ве почитуваат, дури сакаат и да го поседуваат вашиот начин на размислување. Иако денот нема најдобро да ви започне ќе имате доволно енергија за да бидете продуктивни. Контролирајте ги емоциите.
СКОРПИЈА
Рестриктивниот тон овој ден на вас може да делува депресивно. Трикот е во тоа да ја искористите енергијата како предност во борбата против намерите на денот. Обрнете внимание на пречките кои ќе бидат поставени пред вас. Сочинете реалистични планови на краткорочни цели и успехот ќе биде неминовен и ќе стегне брзо.
СТРЕЛЕЦ
Најдобро би било да се спуштите на земја. Овој ден не е најдобар за сонување и фантазирање. Можно е да пропуштате многу бидејќи вашата глава е во облаците. Некои работи вас ви се помалку очигледни отколку на другите, а се поради недостаток на концентрација. Свртете се кон работите кои бараат ваше внимание.
ЈАРЕЦ
Ве убива летргијата која ја чувствувате во воздухот. Имате впечаток дека работите не се случуваат со тоа темпо како што сте очекувале. Не мислете дека се ќе се одвива како што сте планирале. Побрзото незначи подобро. Фокусирајте се на квалитетот пред се. Денес е важно да направите нешто што навистина го сакате.
ВОДОЛИЈА
Денес не е ден за нови достигнувања. Чувствувате дека не сте во можност адекватно да ги изразите своите емоции и во некое подлабоко ниво да се поврзете со личност која ви е драга. Не бидете премногу загрижени. Доколку не сте подготвени за разговор не се присилувајте. Сконцентрирајте се на некои други работи.
РИБИ
Успорете. Нема причина за брзање. Издвојте некое време внимателно да ја испланирате иднината. Денес ќе дејствувате рационално и со двете нозе ќе бидете на земјата. Можеби некои работи нема да ви одат од рака, но свртете ја ситуацијата во ваша корист. Нема да биде лошо да побарате совет од некој во кој имате доверба.
Текстот Дневен хороскоп за 6 јануари 2019 година е превземен од Reporter.mk.