Иако во јавноста се зборува дека кралските јатрви Меган Маркл и Кејт Мидлтон, не се во најдобри односи, сепак и двете ќе бидат заедно на роденденската забава на 9. јануари. Мидлтон за три дена ќе го прослави 37 роденден.
Од кралската палата велат дека војвотката не подготвува голема забава и дека оваа година ќе слави само со блиските пријатели, сопругот принцот Вилијам (36), родителите, принцот Хари и неговата сопруга Меган Маркл.
Нејзината сестра Пипа и сопругот Џејмс Мејтуз се на одмор, па нема да бидат во можност да дојдат. Како што пишува британски „Сан“, Меган веќе и купила посебен подарок на Кејт.
Славеничката наводно споменала еден бренд роковник кој ја воодушевил, а Меган побрзала да го купи. Се работи за мала кожен роконик за запишување на интимни мисли и сништа.
Од Кенсингтонската палата пред месец дена, Вилијам го предупредил својот помлад брат дека Меган можеби и не е најидеален избор за сопруга. Хари го игнорирал ваквиот разговор.
Од друга страна, сопругот на една од роднините на принцот, Мајкл Тиндал (40) тврди дека озборувањата за расправите во кралското семејство с елаги. Тидал вели дека принцовите и нивните сопруги меѓусебно комуницираат. Тие имаат заеднички групен „чет“, во кој редовно се слушаат.
Текстот Меган купила посебен подарок за роденденот на Кејт Мидлтон е превземен од Reporter.mk.