Една од најубавите божикна песни „Небо и земја“ денеска официјално беше промовирана. Во песнат учествуваа голем број на македонски музички ѕвезди, актери и Златните славејчиња.
Во спотот учествуваа пејачите Димитар Андоновски, Викторија Лоба, Елена Ристеска, Стефан Филиповски, Вера Милошевска, Влатко Лозаноски, кои ѝ годинава како лани, направија вистинско ремек дело, кое никој нема да го остави рамнодушен, особено не сега кога за неколку дена започнуваат божиќните празници.
Македонските музички ѕвезди ги покануваат сите граѓани да дојдат денеска на плоштадот пред Црквата Св.Димитриј во Скопје, каде ќе се одржи голема божиќна манифестација со Божикен концерт и Божикна претстава.
Ќе има топол дочек на коледарчињата преку Камениот мост со бесплатни Бадникови чајчиња и колачиња за секое дете.
Текстот (Видео) „Небо и земја“ испеана од нашите музички ѕвезди е превземен од Reporter.mk.