Телескопот на NASA за откривање планети, TESS пронајде егзопланета трипати поголема од Земјата, оддалечена само 53 светлосни години. Телескопот исто така откри и суперземја и карпеста планета, со што во првите три месеци откако почна со снимање на небото откри три егзопланети.
Блиската егзопланета ХД 21749б, орбитира околу една светла соседна ѕвезда во соѕвездието Ретикулум, со орбита од 36 дена и површинска температура од околу 149 степени. Тоа е значително ниска температура со оглед на тоа колку блиску планетата e до својата ѕвезда.
Откритието беше објавено во понеделникот на 233от состанок на Американското астрономско друштво во Сиетл.
„Ова е најстудената мала планета за која знаеме, а која орбитира околу толку светла ѕвезда“, рече Дијана Драгомир, доктор на науки и истражувач на Институтот за астрофизика и вселенски истражувања „Кавли“, дел од Институтот за технологија во Масачусетс. „Знаеме многу за атмосферата на топлите планети, но бидејќи е многу тешко да се најдат мали планети кои орбитираат подалеку од нивните ѕвезди и поради тоа се поладни, не можевме да дознаеме многу за овие помали, поладни планети. Но, имавме среќа и ја најдовме оваа планета, па сега можеме да ја проучуваме подетално“.
Новооткриената планета најверојатно е гасна планета, а не карпеста каква што е Земјата. Но, гасот од кој е составена најверојатно е погуст од оној на Уран или Нептун.
Текстот Телескопот TESS на NASA го направи своето прво откритие е превземен од USB.mk.