Еден од најголемите кинески градови Шензен, постигна целосно еколошки пресврт со својата речиси целосно електрична такси флота.
Шензен, центар на висока технологија во јужна Кина, објави на почетокот на оваа година дека од 21.689 такси возила кои сообраќаат во градот, 99 отсто се електрични.
Лани, сѐ уште имаше околу 7.500 такси возила кои возеа по градските улици. Сега останаа уште неколку автомобили на бензин, додека останатите се исклучиво електрични.
Метрополата со 12,5 милиони жители е вториот кинески град, но и најголем, што ја постигна оваа цел. Градот Тајуан, на северот на Кина, со 4,3 милиони жители, има целосно електричен такси превоз уште од 2016 година.
Автобускиот превоз во Шензен е целосно електрифициран од 2017 година. Тој е еден од 13-те пилот градови што го промовираат јавниот превоз на алтернативна енергија, со цел намалување на загадувањето и развој на индустријата за алтернативна енергија.
Пекинг и останатите кинески градови се преплавени од електрични скутери, велосипеди и трицикли за достава, што помага во редуцирањето на емисијата на штетни гасови во воздухот.
Електричните такси возила во Шензен ќе ги намалат емисиите на јаглерод за околу 850.000 тони годишно, соопштуваат од градскиот комитет за транспорт.
Текстот Кинескиот град Шензен воведе целосно електричен такси превоз е превземен од USB.mk.