Холанѓанец создаде 3D печатач што печати со рециклирана хартија (ВИДЕО)

Бир Холтиус, дипломец од Универзитетот за дизајн од Ајндховен, Холандија, создаде 3D печатач што користи рециклирана хартија како материјал за печатење, пишува Dezeen.

Печатење со хартија е многу поеколошки начин од пластиката којашто сè уште е прв избор за оваа технологија. Според Холтиус, печатениот предмет може подоцна да се разложи само со вода, без штетни последици за околината, па дури и да се искористи повторно. Mоже да се направат прилични цврсти предмети, а ако се додаде врзувач, како лак, 3D предметите ќе траат многу долго.

Дизајнерот веќе има изработени лампи, како и разни форми и големина на садови за чување на предмети и храна.

Печатачот работи релативно брзо, а хартијата како материјал е многу евтин, што ја прави оваа техника погодна за печатење на големи предмети како мебел. Целта на Холтиус е да го направи уредот лесен за користење и за деца во училиште.

Текстот Холанѓанец создаде 3D печатач што печати со рециклирана хартија (ВИДЕО) е превземен од USB.mk.