Светската ѕвезда Мараја Кери се согласи да ѝ исплати надоместок за сексуално вознемирување на нејзината поранешна менаџерка Стела Булочников-Столпер, која ја обвини за малтретирање бидејќи пејачката, како што тврди Стела, намерно се шетала гола пред неа.
Стела работела за Кери помалку од три години и во меѓувреме станаа блиски пријателки, пишуваат медиумите. Пријателството заврши кон крајот на 2017 година, кога меѓу нив се појавија првите несогласувања. На почетокот пејачката ги негираше обвинувањара, но според британски „Мирор“ таа сепак се согласила на спогодба, па весникот пишува дека ова е доказ дека обвиненијата на Стела биле точни. Адвокатите не кауваат за колкава сума станува збор.
Поранешната менаџерка на Мараја не е единствената што ја обвини Кери за сексуално вознемирување. Истото го направи и Мајкл Анело, сопственик на агенцијата за обезбедување што соработуваше со познатата пејачка. Тој тврди дека Мараја го повикала во хотелската соба и пред него се шетала во предизвикувачки фустан, а поради непријатностите тој поднесе тужба против неа.
Текстот Мараја Кери ќе плати за сексуално вознемирување е превземен од Reporter.mk.