Бордо-златниот фустан од брендот „Атеље Версаче“ што Блејк Лајвли го носеше на мет галата е прогласен за најубав на модните оскари во Лондон, The Fashion Awards. На доделувањето на наградите беа прогласени и најдобрите дизајнери и модели на годината.
За изработка на фустанот на Блејк биле потребни повеќе од 600 часа – модел со долг „опаш“ украсен со рачно изработен вез и скапоцени камења.
„Од сите фустани што некогаш сум ги носела на свечени церемонии, овој ми стана омилен“, изјавила неодамна актерката.
Текстот (Фото) Блејк Лајвли го носеше најубавиот фустан во 2018 година е превземен од Reporter.mk.