Музичката ѕвезда на 1990-тите, Британката Софи Елис-Бекстор, го роди своето петто дете. Таа веста за раѓањето на синот Мики ја сподели на социјалните мрежи. Софи и нејзиниот сопруг, басистот Ричард Џонс од британскиот бенд „Филинг“, веќе имаат четири сина. Двојката се запозна во 2002 година, а 3 години подоцна се венчаа во Италија.
Според британски „Дејли мејл”, пејачката пред породувањето рекла дека не ја планирала последната бременост и дека по раѓањето на петтото дете веќе не помислува да има деца.
Текстот Софи Елис-Бекстор петтипат стана мајка е превземен од Reporter.mk.