На овогодинешното издание на Меѓународниот саем за потрошувачка електроника (CES) во Лас Вегас, корејскиот производител Hyndai претставува футуристичко концепт возило кое може да одговори на сите предизвици на off-road возење.
Таканаречениот „автомобил кој оди“ или официјално Elevate, како што Hyundai го опишува овој концепт, потсетува на возило кое може да се види во научно-фантастичните филмови. Првенствено е наменето како средство во спасувачки мисии по природни катастрофи кои зад себе оставаат урнатини (земјотреси, поплави, цунами …).
Концептот Elevate се состои од патнички простор и роботски екстензии, на чии краеви се наоѓа тркало. Ваков концепт на возачот на возилото му овозможува да го користи како регуларен автомобил, но, исто така, и со режимот „одење“ да поминува пречки кои се несовладливи за класичните теренски автомобили.
Погледнете го видеото:
Целиот текст можете да го прочитате на автомобилскиот портал Додај Гас
Текстот Револуција на тркала: Автомобил кој „оди“ од Hyundai (ВИДЕО) е превземен од USB.mk.