Актерката Јелена Јованова деновиве ја гледаме во популарната серија „Преспав“, која оди на МТВ. Со ликот на Јелена од Драчево, таа ги собра симпатиите на јавноста. Актерката ретко зборува за приватниот живот, иако веќе неколку години е во брак со познатиот хрватски актер Стјепан Периќ, со кого се запознаа на снимањето на хрватската серија „Тајни“. Тогаш почна нивната љубовната врска, а по година дена тие се венчаа. Деновиве повторно станаа актуелни сликите од нејзината венчавка во Загреб. Особено што Јованова, две години по свадбата , ги објави сликите, на кои носи едноставна венчаница од Тања Кокев.
Текстот (Фото) Јелена Јованова едноставна невеста е превземен од Reporter.mk.