Широкоаголната камера на вселенскиот телескоп „Хабл“ престана да работи поради проблеми со апаратурата, соопшти американската Националата аеронаутичка и вселенска агенција (НАСА).
Додека експертите ја отстрануваат причината за дефектот, телескопот ќе извршува научни опсервации со помош на други инструменти, се додава во соопштението на Агенцијата, без да се наведат детали за дефектот и роковите за отстранување на проблемот.
Порталот „Спејс.ком“ смета дека дефектот најверојатно се случил поради кратења во финансирањето на НАСА и делумната блокада на федералната Влада, која е предизвикана од несогласувањата меѓу американскиот претседател Доналд Трамп и демократите во Конгресот околу државниот буџет.
Заменик-директорот на НАСА задолжен за научни истражувања, Томас Зурбакен на Твиетер соопшти дека „овој случај (со дефектот) посочува на два важни аспекта на вселенските истражувања: Прво, комплексните системи како телескопот „Хабл“ функционираат благодарејќи на посветени и искусни експерти“.
Според него, втора причина е „истрошеноста на апаратурата. И такви работи се случуваат одвреме навреме“.
Вселенскиот телескоп „Хабл“ е автоматска опсерваторија која кружи во орбита околу Земјата, наречена во чест на астрономот Едвин Хабл. Телескопот, произведен од НАСА и од Европската вселенска агенција, е пуштен во упореба во 1990 година. Неговите дизејнери предвидуваат дека рокот на траење на опсерваторијата е до 2030 година, кога треба да биде симнат од орбитата.
Текстот Поради дефект исклучени делови од телескопот „Хабл“ е превземен од USB.mk.