(Фото) Се продава леб „Лепа Брена“

Српската ѕвезда Лепа Брена, која со сопругот Слободан Живојиновиќ и нивните деца е на патување низ Азија и во Австралија, на „Инстаграм“ се пофали дека на Тајланд се продава леб што го носи нејзиното име. Таа откри дека лебот не е многу скап. „Отсега Брена може и да се јаде“, напиша таа. Фановите ѝ пишаа дека овој леб го има во продавници во Детроит, но и на други места во светот.

Во осумдесеттите години од минатиот век и во поранешна Југославија се продаваше леб што се викаше „ногата на Лепа Брена“.

Текстот (Фото) Се продава леб „Лепа Брена“ е превземен од Reporter.mk.