Хрватскиот ракометар Лука Циндриќ на Светското првенство што се игра во Германија и Данска носи уникатни, персонализирани патики, направени од македонскиот дизајнер Сатја Грабулоски. На патиките е нацртана хрватската „шаховница“ и неговиот број 33, па на едната од нив е напишано неговото презиме, а на втората зборот „ватрени“ како што Хрватите ја нарекуваат својата фудбалска репрезентација.
„Лука е голем фудбалски фан, тој пред да тренира ракомет играл фудбал. Затоа во дизајнот ги споивме неговите омилени работи“, откри за „Репортер“ Грабулоски, кој ги наслика патиките.
Поранешниот ракометар на „Металург“ и на „Вардар“, во моментов игра за германскиот клуб „Кјелце“.
(А.Ј)
Текстот Лука Циндриќ игра во македонски патики на Светското првенство е превземен од Reporter.mk.