И Анџелина Џоли и Лејди Гага сакаат да ја глумат Клеопатра

Американските ѕвезди Лејди Гага и Анџелина Џоли сакаат да ја глумат Клеопатра во новиот филм што во Холивуд се најавува со години. Според британскиот „Дејли стар”, Гага и Џоли сакаат да ја глумат египетската кралица. Пејачката, која неодамна ја имаше својата прва улога, сака да ја продолжи актерската кариера, а Анџелина, која долго време нема некоја позабележителна улога, сака да се врати на сцената. „Дејли стар“ пишува и дека Џоли веќе неколку години преговара за улогата која претходно, во 1963 година, ја играше Елизабет Тејлор. Според продуцентите, главната улога ќе ја добие онаа жена што ќе успее да ја замени Елизабет Тејлор на што подостоен начин, дури и тоа да е некоја актерка што не е позната.

Текстот И Анџелина Џоли и Лејди Гага сакаат да ја глумат Клеопатра е превземен од Reporter.mk.