Пејачот Стефан Величковски, кој оваа сезона се натпреварува во регионалното музичко шоу „Ѕвездите на Гранд“, се пофали дека е во Белград и дека почнал да работи со својот ментор, пејачката Вики Миљковиќ. Освен што со Вики ќе работи на своето пеење, Стефан ќе соработува и со стилист и фризер, кои ќе работат на неговиот имиџ.
Според новите правила на шоуто, секој кандидат мора да работи со ментор, а Стефан ја избра Вики. Во првиот круг на шоуто, тој се скара со Јелена Карлеуша, која тогаш му рече дека е арогантен и безобразен.
(Видео) Карлеуша за Стефан Величковски: Ти си арогантен и безобразен
Текстот Вики го спрема Стефан за победа на „Гранд“ е превземен од Reporter.mk.