Руси трчаа маратон на -52 степени

Во градот Ојмјакон во областа Јакутск, која се наоѓа на 450 километри од поларниот круг, се одржа првиот екстремен маратон во светот, а се трчаше на -52 степени. Натпреварувачите што се појавија на стартот не успеаја да ги истрчаат сите 42 километри, а на трката најдолго трчаше Илја Пестерев, кој трката ја заврши по истрчани 38 километри, за 3 часа и 53 минути.

На маратонот учествуваа приврзаници на здравиот начин на живот и познати спортисти од Русија. Ентузијастите за трчаење минале околу 5 километри, а маратонците трчале над 10 километрии.

Текстот Руси трчаа маратон на -52 степени е превземен од Reporter.mk.