Кина ќе испрати свое вселенско летало на Марс во 2020 година, по успешната мисија на темната страна на Месечината.
Леталата Jade Rabbit 2 и Chang’e-4 се првите кои успешно слетаа на темната страна на Месечината. Интересно е да се каже дека леталото Chang’e го добило името по кинеска божица за која легендата вели дека живеела на Месечината илјадници години.
Од Кинеската вселенска агенција (CNSA) велат дека засега планираат да ги испратат леталата на Марс во текот на 2020 годин,а за да дојдат до заклучок дали е возможно да се испрати и човечки екипаж на Црвената планета.
Според зборовите на заменикот директор на CNSA, Wu Yanhuae, успешно завршената мисија на Месечината означи пресврт во истражување на Вселената кога се работи за кинеските експерти.
Првата вселенска мисија на Кина е завршена неуспешно во 2012. година, кога леталото кое носеше сонда се распадна, откако не успеа да влезе во Земјината орбита. Меѓутоа, неодамна CNSA соопшти дека нејзините вселенски мисии се одвиваат според планот и дека имаат намера да ги поместуваат границите.
Соопштија и дека се подготвени да работат со вселенските агенции и надвор од Кина, што е своевиден преседан кога се во прашање потфатите од овој вид.
Текстот Кина следната година испраќа вселенско летало на Марс е превземен од USB.mk.