Гоце Георгиевски стана татко

Македонскиот ракометар Гоце Георгиевски стана татко. Тој и неговата сопруга Симона денес добија девојче, а веста за раѓањето на ќерката репрезентативецот ја сподели на својот профил на „Фејсбук“.

„Уште еден посебен ден за мене, измешан со многу чувства и емоции. Ти благодарам Симона што овој ден го направи посебен за нас. Да ни е жива и здрава ќерката“, напиша тој.

Ова е второ дете на ракометарот. Тој и Симона веќе имаат син.

Uste eden poseben den sa mene izmesan so mnogu cuvstva i emocii Ti blagodaram Simona Georgievska sto ovoj den go napravi poseben za nas da ni e ziva i zdrava kerkata ❤️😘

Gepostet von Goce Georgievski am Mittwoch, 16. Januar 2019

Текстот Гоце Георгиевски стана татко е превземен од Reporter.mk.