На пречекот на претседателот на Русија Владимир Путин во Белград, се појави и српската фолк ѕвезда Цеца Ражнатовиќ. Фотографијата на која пејачката е озарна од насмевка и среќа, додека гледа во Путин е хит и на социјалните мрежи и во медиумите.
Срската пејачка , кажа дека и било голема чест што била во друштво со претседателот на Руската Федерација, претседателот на Србија Александар Вучиќ и Милорад Додик, член на Претседателството на БиХ.
„Драго ми е што присуствував, за мене тоа е голема чест, во друштво со патријархот и владиката, како и тројца државници и министри во Владата, кажа Ражнатовиќ за српски Курир.
Текстот (Фото) Путин ја возбуди Цеца е превземен од Reporter.mk.