Во Австралија се топи асфалтот од жешкото време

Шест дена по ред Австралија е погодена од топлотен бран, при што се соборени досегашните рекорди на екстремно високи температури од кои се топи и асфалтот.

На 373 километри северно од Сиднеј објавено е дека е стопен бетонот на главниот автопат поради што работници го прскаат подрачјето со вода за да ја оладат површината и да спречат леплив асфалт за автомобилските гуми, информирале од локалната новинска агенција „Аргус“.

Топлотните рекорди се соборени по должината на источна Австралија кога денеска температурата надмина 40  Целзиусови степени.

Рекордот не е соборен само преку ден, највисокиот рекорд во текот на австралиските ноќи е соборен вчера во Нуни, 800 километри западно од Сиднеј, каде што најниската температура преку ноќта изнесувала 35,9 степени.

Текстот Во Австралија се топи асфалтот од жешкото време е превземен од USB.mk.