Времето во Македонија утринава е облачно, а по котлините има појава на магла која е поизразена во Полошката Котлина и во Пелагонија каде видливоста е намалена од 50 до 200 метри, информираат синоптичарите. Повремени слаби врнежи од снег има на планините во западните делови од земјава, а врнежи од дожд во крајните западни и источни делови. Во Пелагонија поради ниската температура дождот се замрзнува, велат од УХМР и додаваат дека на повисоките места започна да дува и умерен југоисточен ветер.
Времето и во текот на целиот ден ќе биде облачно со повремени врнежи од дожд, а на повисоките места и на планините од снег. Повеќе врнежи ќе има попладне, особено во западните и југоисточните делови. Ќе дува умерен, повремено засилен југоисточен ветер. Максималната температура ќе биде во интервал од 3 до 8 степени. Во Скопје, облачно со повремени врнежи од дожд, особено попладне. Ќе дува умерен, повремено засилен југоисточен ветер, а максималната температура ќе достигне до 5 степени.
Во следните неколку дена циклонска активност со центар во јужните делови на Европа ќе услови и во текот на неделава да има повремени врнежи од дожд и снег на пониските места и само снег на планините. Повремено врнежите ќе бидат пообилни, особено в петок кога ќе бидат претежно од снег. Утре ќе дува умерен југоисточен ветер, а од четврток ќе го промени правецот во северен, информираат од УХМР.
Текстот Денес врнежи од дожд е превземен од Reporter.mk.