Овен (21.03 – 20.04)
Работа – Може да добиете повеќе различни и важни информации и да не сте сигурен во што да верувате. Препорачливо е да се потпрете на мислењето на луѓето на кои им верувате и најдолго ги познавате.
Љубов – Денот ви е поволен за нови случувања на полето на љубовта. Можете да се најдете во позитивна ситуација. Новите познанства ќе ви донесат чувство на возбудување и радост.
Здравје – Намалете го стресот и нервозата. Потребно ви е да најдете некаков начин за да се опуштите.
Бик (21.04 – 21.05)
Работа – Искориститете го денот за одмор. Време е малку да се дистанцирате од работата и да ги наполните своите батерии. Обидете се да се посветите на некои други работи денес.
Љубов – Ви одговара флертот и уживате во вниманието што го добивате од личноста која ви се допаѓа. Пред вас е интересен ден. Дадете ѝ можност подобро да ве запознае и да се зближите.
Здравје – Ќе ви одговара кратка прошетка или некаков друг вид релаксација.
Близнаци (22.05 – 22.06)
Работа – Доколку сакате да осварите деловен успех, важно е да дадете сè од себе. Никако немојте да се откажувате. Пред вас е голема борба, но имате големи шанси да излезете како победник.
Љубов – Можно е да ви се случи сосема случајно познанство, со личност која ќе ви стане многу важна. Од самиот почеток имате чувство дека се работи за некој посебен.
Здравје – Водете сметка за тоа да создавате здрави навики и да внимавате на своето здравје.
Рак (22.06 – 22.07)
Работа – Доколку ја слушате вашата интуиција нема да погрешите. Се наоѓате пред големи важни деловни одлуки. Можете да се потпрете на вашиот внатрешен глас.
Љубов – Секојдневнието во бракот не е едноставно. Сепак, заедно со партнерот се обидувате да ги надминете сите пречки. Можете да се надевате на подобри денови и регенерација на вашата љубов.
Здравје – Ви годи малку да си посветите време себеси, да најдете некое хоби или да се занимавате со медитација.
Лав (23.07 – 22.08)
Работа – Доаѓате до некои нови важни информации кои можат да бидат пресудни за развојот на ситуацијата на деловен план. Може да очекувате многу позитивна ситуација на овој план.
Љубов – Ве очекува убав и интересен ден, кој ќе го минете во прегратка на саканата личност. Нема да имате ниту една грижа на овој свет, кога сте покрај личноста која ја сакате.
Здравје – Чувајте се од можни воспалување на мускулите, по напорните физички активности.
Девица (23.08 – 22.09)
Работа – Работите што ве мачат можете да ги решите по кратка постапка. Немате време ниту нерви за одолговлекување. Можете да се надевате на позитивен исход на настаните.
Љубов – Може да очекувате интересно познанство со нова личност која доаѓа од кругот на вашите пријатели. Иако на почетокот ќе бидете скептични, како времето минува сè повеќе ќе ви се допаѓа.
Здравје – Минливата главоболка е можно, но нема да имате посериозни здравствени проблеми.
Вага (23.09 – 22.10)
Работа – Само продолжете со добрата тактика која ја спроведувате веќе некое време. Вие сте на вистинскиот пат кон успехот. Можете да се потпрете и на факторот среќа која ве следи.
Љубов – Ќе ви годи заедничкиот јазик со саканата личност. Потребно ви е малку да се опуштите и да го промените опкружувањето, да излезете од дома. Ужувајте во убавиот ден кој е пред вас.
Здравје – Се чувствувате добро. Не би требало да имате каков било проблем на здравствено поле.
Шкорпија (23.10 – 21.11)
Работа – Имате впечаток дека сè минало како што сте испланирале. Ви се допаѓа моменталната деловна ситуација и се надевате дека ќе ја одржите таквата ситуација на подолги патеки и во иднина.
Љубов –Ако искрено разговарате со саканата личност, можно е решавање на проблемите што ве мачат. Бидете сосема отворени. Пред вас е можност минатото да го оставите зад себе.
Здравје – Смирени сте и добро се чувствувате. Немате никакви проблеми што се однесува до вашето здравје.
Стрелец (22.11 – 21.12)
Работа -Потребно ви е време да изберете деловен соработник кој сосема ќе ви одговара. Нема причина да брзате со одлуката. Дајте си себе си време да ги процените работите околу вас.
Љубов – Многу сте заљубени и на некој начин опседнати со личноста која ја сакате. Таа ужива во вашето внимание. Пред вас е да остварите некој убав однос со неа или него.
Здравје – Зголемете ја консумацијата на витамини. Повеќе одморајте и сè ќе биде во ред. Потрудете се да го засилите вашиот имунитет.
Јарец (22.12 – 20.01)
Работа – Најважните случувања сега се одигруваат на вашето поле на финансии. Пред вас е многу интересен ден. Можно е некоја инвестиција да ви се исплати или некој да ви исплати стар долг.
Љубов – Можете да очекувате стабилна љубовна ситуација, ако сте во врска или во брак. Доколку сте слободни можете да имате повеќе можности за флерт, а на вас останува само да бирате.
Здравје – Потребна ви е диета. Посоветувајте се со нутриционист во врска со својата исхрана.
Водолија (21.01 – 19.02)
Работа – Не сте фокусирани на работата и сакате денешниот ден да го искористите за одмор. Нема потреба да се форсирате. Кога ќе ги направите најосновните обврски, ќе ви остане многу слободно време.
Љубов – Имате впечаток дека односот штого имате со саканата личност се променил со текот на годините. Тоа секако не мора да биде лоша работа. И двајцата на некој начин сте пораснале и созреале заедно.
Здравје – Ќе ви годи одмор. Обезбедете си себеси повеќе време на квалитетен сон.
Риби (20.02 – 20.03)
Работа – Подготвени сте за секаков вид натпреварување. Желни сте за докажување и важно ви е да го дадете својот максимум на полето на работа. Можете да очекувате дека трудот ќе ви се исплати.
Љубов – Не ви е лесно да покажете емоции пред саканата личност која ви се допаѓа, затоа што имате внатрешна несигурност. Време е да научите да се победите себеси и да покажете искрени емоции.
Здравје – Полни сте со енергија и ви годи да бидете што поактивни на сите полиња. Само напред.
Текстот Дневен хороскоп за 22 јануари е превземен од Reporter.mk.