Српскиот актер Сергеј Трифуновиќ повторно ја разбранува јавноста, овој пат со навредите упатени кон новинарката Билјана Срблјановиќ. Актерот во својата преписка ја нарекол Билјана кур*а, а на Твитер го објавил и нејзиниот телефонски број, притоа загрозувајќи ја нејзината приватност и безбедност.
Целиот проблем настанал кога новинарката го замолила Сергеј за коментар по повод напишан текст во кој се споменува името на актерот. Потоа следеле пораките со пцовки и навреди.
Сергеј вели дека подоцна го избришал телефонскиот број од постот, но вели дека тоа што ја навредил со погрдни зборови, не ја вознемирило многу.
Ова не е прв пат Сергеј да има проблем со жените и да упатува јавни навреди кон нив. Претходно на мета на неговата вулгарност се нашле и претседателката на Народното собрание Маја Гојковиќ и директорката и уредничка на „Студио Б“, Ивана Вучичевиќ. Таа јавно му одговори дека не му се плаши и дека на следната средба ќе го удри.
Јавноста на социјалните мрежи коментира дека ваквото однесување го прави Сергеј само бедна кукавица и ништо повеќе од тоа. Голем број граѓани се загрижени од однесувањето на Сергеј и вербалните напади кон жените.
Тие велат дека актерот треба веднаш да престане, а во спротивно сметаат дека надлежните органи треба да реагираат со цел да се спречат да не дојде и до физичко насилие.
Текстот Сергеј Трифуновиќ бедна кукавица која повторно ги напаѓа жените е превземен од Reporter.mk.