Холивудската ѕвезда Џилијан Андерсон ќе ја глуми Маргарет Тачер во ТВ-серијата „Круна“, објави „Нетфликс“. Андерсон ќе се појави во епизодите кога дејството на серијата ќе се случува во доцните 1970-ти години. „Нетфликс“ во моментов ги снима третата и четвртата сезона од серијата за животот на британското кралско семејство и кралицата Елизабета Втора.
Според американските медиуми, иако Андерсон ќе снима наскоро, нејзиниот лик ќе се појави дури во четвртата сезона. Принцот Чарлс ќе го глуми Џош О’Конор, но засега не се знае која глумица ќе ја игра принцезата Дијана.
Третата сезона од серијата „Круна“ ќе почне да се прикажува во втората половина на годината.
Текстот Џилијан Андресон ќе ја глуми Маргарет Тачер е превземен од Reporter.mk.