Трамп повторно во трка за најлош актер

Неуспешниот мафијашки филм на Џон Траволта „Готи“ и претседателот Доналд Трамп се номинирани за „Златна малина“, наградата за најлошо филмско остварување во 2018 година, кои организаторите го прогласиле за катастрофа на годината на екранот, но и надвор од него.„Златната малина“ е создадено во 1980 година, како спротивност на „Оскарите“ и номинациите кои се објавуваат еден ден пред доделувањето на најпрестижната филмска награда.Последниот во низата филмови за „Шерлок Холмс и Вотсон“ добил шест номинации, вклучувајќи ги и за најлошите глумци Вила Ферел и Џон Рајли, кои ги уништиле двата најсакани ликови на светската литература.

Трамп е номиниран за најлош актер за камео улогата во два документарци минатата година. Станува збор за документарните филмови Death of a Nation, чиј режисер е Динеш Д’Соуза и Фаренхајт 11/9 на Мајкл Мур.

Трамп веќе има добиено една „Златна малина“ од 1989 година за играње на самиот себе си во филмот Ghosts Can’t Do It“, со Бо Дерек.

Сопругата на Трамп Меланија и нејзина блиска соработничка Келиен Конвеј се номинирани за споредни актерки за архивските снимки користени во Fahrenheit 11/9.

„Готи“ филмот за покојниот њујоршки мафијашки кум Џон Готи, бил целосна утка и доживеал катастрофален неуспех во кино благајните. Бил номиниран за најлош филм, со најлошо сценарио и најлоша актерска двојка Џон Траволта и неговата сопруга Кели Престон.

За номинираните и добитниците, гласаат околу илјада членови на „Златна малина“, од 24 земји. Секој кој сака може со уплата од 40 долари да се зачлени преку интернет.

Добитниците, ако се појават на денот во пресрет на Оскарите, добиваат статуа во облик на малина со големина на топче за голф, сместена на ролна филм и офарбана со спреј во злато.

 

 

Текстот Трамп повторно во трка за најлош актер е превземен од Reporter.mk.