Огнен Врањеш има секс-снимки и со Катарина Грујиќ

Босанскиот фудбалер Огњен Врањеш има секс-снимки и со пејачката Катарина Грујуќ, пишуваат српските медиуми. Катарина неодамна призна дека таа и Огњен кратко време биле во врска, па според медиумите во тоа време направиле и секс-видео. Пријател на Огњен за медиумите открил дека фудбалерот бил во врска со уште неколку пејачки и дека тој има секс-видеа со сите нив.

„Врањеш беше со неколку познати пејачки. Засега се знае само за Катарина. Не знам како успеал да ги наговори сите да се снимаат, а во мобилиниот телефон има богата колекција. Ако одлучи да ги објави, ќе пропаднат многу бракови“, тврди извор близок до Врањеш за српските медиуми.

Наводно, неколку од нив преку заеднички пријатели веќе се обиделе да го убедат фудбалерот да не ги открива нивните имиња и да не објавува нивни слики и видеа.

„Тие следат што се случува со Карлеуша и се молат и ним да не им се случи истото. Само една го побара лично, останатите го контактираа преку заеднички пријатели. Најупорна е Катарина Грујиќ, која е бесна на Врањеш. Таа му порача дека ќе му го уништи животот ако си игра со неа како со Карлеуша“, додал истиот пријател на Огњен.

Текстот Огнен Врањеш има секс-снимки и со Катарина Грујиќ е превземен од Reporter.mk.