По сличните вести од Норвешка и Данска, во име на заштита на природата, Шведска ќе забрани продажба на возила со SUS мотори, од почеток на 2030 година.
Со вакви одлуки, полека но сигурно притисокот се зголемува и префрлува на германската влада во смисол на донесување аналогна одлука
Одлуката донесена од шведската влада, ја објави премиерот Стефан Ловен. Во меѓувреме, властите ќе сторат сé што е во нивна моќ, за ширење на мрежата на станици за полнење за електрични автомобили, како и комплетната придружна инфраструктура.
Откажувањето од бензински и дизел мотори, според очекувањата, треба значително да придонесе во напорите на оваа скандинавска земја значително да го намали нивото на емисии на јаглерод диоксид, што би било во согласност со целите утврдени со климатскиот договор во Париз, вели премиерот на Шведска.
Еколошката организација Greenpeace ја поздравува одлуката на шведската влада, која станува десетта земја со датум за „погреб“ на моторите со внатрешно согорување, се вели во изјавата на експертот за прашања поврзани со сообраќајот во рамките на организацијата, Марион Тиман.
Текстот Шведска од 2030 година забранува продажба на бензинци и дизелаши е превземен од USB.mk.