Топ видео – Спектакуларни поени во режија на Надал

Рафаел Надал го растажи тенискиот свет со објавата дека става крај на кариерата.

Надал ќе влезе во историјата како еден од најдобрите тенисери на сите времиња.

Со вкупно 92 титули, 22 Гренд Слема (втор во историјата зад Новак Ѓоковиќ) и веројатно недостижните 14 трофеи на Ролан Гарос.

Во историјата ќе биде запишано и неговото ривалство со Роџер Федерер (24-16) и Новак Ѓоковиќ (29-31).