Клуни вели дека шпекулациите за разводот со Амал се измислица

Актерот Џорџ Клуни се огласи по повод пишувањата на светските магазини дека по четири години брак, тој се разведува со неговата сопруга Амал Клуни.

Во јавноста се појавија шпекулации дека двојката имала жолчна расправија, по која Амал си ги спакувала куферите и го оставила Клуни.

Британски „Сан“ пишува дека Клуни во јавноста се појавил со изјава во која вели дека пишувањата за неговиот наводен развод со Амал се чиста измислица и дека нивниот брак не е во криза.

Изворот за нивната разделба потекна од нивен заеднички пријател кој изјавил дека Амал го оставила сопругот по жолчната расправа и заминала со нивните деца, близнаците Александар и Ела на Сардинија.

Џорџ постојано ѝ испраќал пораки дека сака да ги види близнаците. Во случај  приказните за нивната разделба да бидат вистинити, тогаш нивниот развод би тежел околу 400 милиони фунти. Освен тоа ова не е првпат во јавноста да се зборува дека Клуни и Амал имаат лоши односи во бракот.

Во средината на 2016 година извор близок до семејството  изјавил за американските медиуми дека Амал не била задоволна од бракот и дека размислувала да го остави. Тоа сепак на крајот не било  точно, а набрзо потоа двојката ги доби близнаците.

Клуни и Амал се запознаа во 2013 година преку нивен заеднички пријател, кој ја донел адвокатката во домот на актерот во близина на езерото Комо во Италија.

Набрзо потоа ѝ двајцата застанале пред олтарот, а само шест месеци по запознувањето, холивудскиот актер ја запросил Амал. На Џорџ Клуни ова му е втор брак. Тој претходно беше оженет со актерката Талија Балсам.

 

 

Текстот Клуни вели дека шпекулациите за разводот со Амал се измислица е превземен од Reporter.mk.