Актерот Џони Деп пристигна во Белград, каде ќе го снима најновиот филм „Минамата“, во режија на Ендру Левитс. Ова за агенцијата „Танјуг“ го потврдија од продукциската куќа Work in Progress.
Филмот „Минимата“ ја прикажува животната приказна на фотограф кој го има разоткриено труењето со жива на жителите во јапонскиот град Минамата, предизвикано од испуштањето на тешки метали од хемиската фабрика на компанијата Ciso.
Претходно директорот на продукциската куќа Work in Progress, Александар Тадиќ, изјави дека снимањето ќе трае седум недели, а период од една недела Деп ќе го мине на црногорското приморје.
„Допрва ќе почнеме со подготовките и пронаоѓањето на локација. Дел од сетот ќе мора да се гради во студио, затоа што се работи за специфичен период“, вели Тадиќ.
Тој објаснува дека дел од настаните се случуваат во Њујорк, а дел во Јапонија. Тадиќ сеуште нема информација дали за потребите на филмот ќе биде ангажиран ѝ некој од српските актери, но истакнува дека ретки се моментите кога некој странски филм се снима во Србија, а за истиот не се ангажирани српски актери.
Тадиќ вели дека што се однесува до филмот „Минамата“, дури 80% од екипата ќе биде локален кадар. Деп за прв пат во Белград пристигнал во 1992 година, кога дури и свирел со „Партибрејкерс“. Потоа се вратил повторно во 2010 година, во посета на Емир Кустурица.
Текстот Џони Деп повторно во Белград е превземен од Reporter.mk.