Ен Хатавеј призна дела била алкохоличар

Една од најубавите светски актерки Ен Хатавеј (36) во гостувањето на емисијата на водителката Елен Деџенерис, открила дека во минатото имала големи проблеми со алкохолот. Ен признала дека имало периоди кога пиела секој ден, но дека поради една ситуација која ѝ се случила со нејзиниот син, била принудена да прекине со овој порок.

Ен тој ден била мамурна додека го носела синот во градинка. Вели дека тоа не му се допаднало премногу на нејзиното дете. Актерката донела одлука повеќе да не пие алкохол се до денот додека нејзиниот син не наполни 21 година.

„Се решив да не пијам алкохол се додека мојот син живее со мене, затоа што не го сакам начинот на кој тоа го правам. Тој е сега во период кога сум му постојано потребна. Особено во утрата. Еден ден го носев во градинка. Не возев, но бев така мамурна што не можев ништо да правам. Тоа беше капката која ја прели чашата. Не ми сè допадна тоа воопшто, па одлучив да прекинам со пиеењето“, изјавила Ен хатавеј.

Ен во 2012 година се омажи за нејзиниот колега, актерот Адам Шулман (37).

 

 

Текстот Ен Хатавеј призна дела била алкохоличар е превземен од Reporter.mk.