Членот на музичката група „Меморија“ и поранешен актер, Петар Георгиевски Камиказа, се потсети на снимањата во осумдесетите години од минатиот век кога беше дел од актерската екипа на серијата „Трст виа Скопје“.
Музичарот на својот фејсбук профил објави една од епизодите, закачена на „Јутјуб“. Перо го спомена одговорниот уредник на Драмската редакција Петре М. Андреевски, за кого гитаристот имла огромна почит.
Перо напиша дека благодарение на него во тој период се снимале вакви издржани серии.
„Како што гледате на шпицата на серијата одговорен уредник на Драмска редакција беше Петре М. Анреевски. Ете затоа имаше вакви издржани серии“, напиша Перо.
„За жал нема веќве такви во денешно време“, „Сеуште ненадмината серија. Во голем дел снимена во Маџар Маало“, беа дел од коментарите на фановите на Перо.
Режисер и сценарист на серијата „Трст виа Скопје“ беше Богдан Поп Ѓорчев, а настапуваа Себастијан Шабан, Снежана Стамеска, Ванчо Петрушевски, Мето Јовановски, Илија Џувалековски, Мите Грозданов и други.
Текстот Перо Камиказа се потсети на „Трст виа Скопје“ е превземен од Reporter.mk.