Дино Мерлин со својата музика допре до голем број срца ѝ стана еден од најпопуларните пејачи на нашите простори. Неговата љубовна приказна со сопругата Амела е посебна и трае 28 години.
Самиот Дино во повеќе наврати изјавил дека тоа било љубов на прв поглед. Сепак, не било се така идилично од стартот. Родителите на Амела се противеле на нивната врска, затоа што тој бил сиромашен ѝ без перспектива.
На и покрај сè тие истрајале во нивната љубов и победиле. Дека не погрешиле покажува тоа што нивниот брак трае повеќе од три децении.
Со сопругата Амела, Дино има две деца, синот Хамза и ќерката Наида Дервишхалидовиќ. Наида е посветена на информатичките науки и интернационалната кариера, а вели дека може да се пофали и со завршувањето на постдипломските студии на Оксфорд во Велика Британија.
Дино Мерлин ретко кога говори за своите деца и нивните успеси за медиумите, но во една прилика тој изјави дека Наида не ја интересираат материјалните работи и дека станува збор за приземна и вредна девојка.
Наида на фотографијата е првата девојка од левата страна. Како што вели Мерлин за хрватското издание „Глорија“, неговата ќерка во детството доживеала и сиромаштија, но и богатство. Сепак навикнала на скромниот живот, па на прашањето што Мерлин сака да ѝ донесе од Париз или Њујорк, таа одговарала дека има сè.
Одговарала дека посакува само тој да се врати дома. Материјалното не ја интересираат, за разлика од нејзиниот брат Хамзи, кој секогаш има листа со подароци.
Текстот Дино Мерлин се заљубил во сопругата на прв поглед е превземен од Reporter.mk.