Пријовиќ до детаљ го испланирала породувањето

Пејачката Александра Пријовиќ, која од следниот месец на свет ќе донесе машко бебе, донела одлука во која клиника ќе се породи. Александра вели дека ќе се породи по природен пат во пзоната приватна клиника.

За породувањето, Пријовиќ ќе мора со својот сопруг Филип Живоиновиќ да платат 3000 евра.

„Александра на почетокот имаше желба да се породи во Америка, но се откажа откако лекарот кој ја надгледуваше нејзината бременост ѝ објасни за ризиците. Бидејќи на пејачката по само неколку месеци ѝ била констатирана високоризична бременост, морала да избегнува патувања. Исто така била вклучена и хормонска терапија“, вели извор близок до пејачката.

Тој додава дека во договор со Филип, таа ја одбрала клиниката.

„Бидејќи е јавна личност, не сакала да ја разгледа опцијата која се однесува на државна болница. Парите се разбира не им се проблем. Во приватната клиника ќе ја има потребната нега, но и приватност“, вели изворот.

Александра исто така се посоветувала со многу жени, но и колешки, кои пред неа престојувале во таа клиника. Откако ги слушнала позитивните искуства, се одлучила за неа.

„Засега е во план Александра да се породи по природен пат, но доколку нешто тргне на лошо, не е исклучено да се заврши и со царски рез. Доверена е во рацете на најдобрите лекари, а со неа на породувањето ќе биде ѝ нејзиниот сопруг Филип“, вели изворот.

Пејачката доби забрана да настапува и таа веќе неколку месеци не работи. Музиката како што вели Пријовиќ ѝ недостасува многу, па решила своите фанови да ги израдува со нова песна, која наскоро треба да ја заврши.

Со обожавателите на Инстаграм споделила и информација дека во студиото се случуваат нови работи, но, не ја открила песната и кога планира да ја објави.

 

Текстот Пријовиќ до детаљ го испланирала породувањето е превземен од Reporter.mk.