Јелена Карлеуша и Душко Тошиќ размислуваат да поработат на трето дете, за да во својот однос внесат свежина и ја пребродат кризата поради наводната афера со Огњен Врањеш, пишуваат српските медиуми.
Карлеуша и Душко Тошиќ за време на долгите разговори кои ги имале додека пејачката престојувала во Кина, нашле решение како да ја пребродат брачната криза во која упаднале поради наводната афера со голите слики.
Поп-дивата и фудбалерот сакаат својата заедница да ја зацврстат, а поради тоа што и двајцата сакаат деца, се согласиле дека би било убаво да добијат уште по едно.
Покрај двете ќерки кои ги имаат, фудбалерот сака и син, но би бил подеднакво среќен, ако добие уште едно девојче, велат извори блиски до семејството. Сепак истите велат дека поради здравствените проблеми кои ги има во последните години, Карлеуша наводно не може да остане бремена.
Во случај да успее во намерата, бременоста веројатно би била високоризична, но таа сега го надминува ваквиот страв ѝ е подготвена да се обиде.
„Почетокот на годината за нив беше многу турбулентен и стресен. Се што му се случило на Душко и Јелена можело да ги чини брак, но и двајцата се надеваат дека сето ова достоинствено ќе го пребродат. Всушност, целиот скандал кај нив пробуди потреба за зајакнување на семејството, но истовремено и негово проширување. Најголемиот сон на Тошиќ е да добие син, без оглед на тоа што Атина и Ника му се во центарот на светот. Јелена досега ја исклучуваше можноста да роди трето дете, но и таа во длабоко во душата сака да му ја исполни желбата, сега повеќе од секогаш“, вели изворот и додава дека заминувањето на Карлеуша во Кина со ќерките допринело семејството да биде уште посилно. Предлогот на Душко е да бидат сите заедно. Иако Јелена секој слободен момент го користи за да престојува кај сопругот, тоа очигледно за фудбалерот не е доволно. Нејзината кариера е на врвот и таа комотно може да функционира од тука“, вели изворот блзок до семејството.
Карлеуша претходно за медиумите раскажала за потенцијалните проблеми врзани за третата бременост и за нивната желба да добијат уште едно дете.
Извори блиски до Карлеуша велат дека пејачката ѝ профитирала од скандалот со фудбалерот Огњен Врањеш. Таа станала попопуларна и побарана. Иако и досега Јелена била најплатена јавна личност во регионот. Сепак таа дополнително ги зголемила бројот на обожаватели на Инстаграм. Деновиве пејачката се пофали дека ја следат околу два милиони луѓе, со што постави уште еден рекорд.
За нејзината бременост, таа проговори за новогодишните празници, кога изјави дека нејзината здравствена состојба била многу лоша.
„Јас сум здравствено во многу лоша состојба и поради тоа не би можела да имам деца. Имав веќе три царски реза, два поради моите ќерки и еден поради хируршка интервенција на која морав да одам. Бременоста е многу опасна за мене“, изјавила Карлеуша.
Сепак таа додала дека има желба за трето дете.
„Мене ако ми текне, ќе работам и до педесет. Секоја година по едно дете. Не сакам ограничувања“, изјавила пејачката во едно новогодишно интервју.
Текстот Карлеуша со трето дете ќе го спасува бракот е превземен од Reporter.mk.