Докторите го кренале Лазиќ на нозе, а тој ги изиграл

Српскиот пејач Дарко Лазиќ ги изиграл лекарите од рехабилитациониот центар во Селтерс бањата во Младеновци, па лечењето го продолжил на своја рака, пренесуваат српските медиуми.

Фолкерот центарот го напуштил на 5 јануари оваа година, за да ги мине божиќните празници со своите најблиски во родното место. Но, Лазиќ ѝ покрај тоа што им рекол дека ќе се врати, тој не го исполнил ветувањето.

„Лазиќ беше задоволен од третманот за време на 36-те дена во Селтерс бањата, но ние не знаеме што се случило со него. Дури се изненадивме кога слушнавме дека ја посетувал Бањата Ковилјачи. Пред нова година стана вознемирен и не можеше да издржи да биде затворен во апартман, без разлика на тоа што секојдневно имаше посета од пријателите и колегите. Лазиќ беше нервозен и негативен. Од ден во ден повторуваше дека сака да си замине дома, иако терапиите му беа неопходни. Докторите му дозволуваа да замине дома за Божиќ за да биде со семејството. Но исто така му рекоа дека мора да се врати назад за да продолжи со рехабилитацијата. Дарко доби отпусна листа, се поздрави со вработените ѝ им ветил дека наскоро ќе се врати“, вели извор близок до болницата ѝ додава дека победникот во „Ѕвездата на гранд“, никогаш не се појави пак.

Тој повеќе од недела дена престојува во своето село. Таму редовно оди на контрола. Никој од вработените во бањата не ја знае причината зошто Лазиќ не се врати. За нивниот медицински персонал секогаш имал пофални зборови, а се опоравуваше побрзо отколку што ѝ се претпоставувало. Ги шокирал сите. Лично му кажал на еден од вработените дека по Божиќ ќе се врати, вели една од сестрите кои ја надгледувале состојбата на пејачот.

Лекарот на Лазиќ, Милош Полексиќ, кој ја следел состојбата на пејачот во Селтерс ги потврди сознанијата за „бегството“.

„Дарко Лазиќ не е повеќе во Селтерс. Првичниот договор беше да го пуштиме дома за празниците и доби можност да се врати за да го продолжи лечењето. Навистина не знаеме зошто не се врати. Ние секојдневно, максимално се трудевме да ја работиме работата професионално, како што го правиме тоа со сите наши пациенти“, вели Милош.

Таткото на Дарко Лазиќ, Милан исто така изјави дека неговиот син во моментов се лечи во Бања Ковилјачи.

„Дарко се наоѓа во друга бања, не е повеќе во Селтерс. Ние сме задоволни од тамошниот третман и немаме никаква замерка. За се друго ќе морате да се слушнете со Дарко, затоа што само тој може да ви даде објаснување“, изјавил Милан.

 

Текстот Докторите го кренале Лазиќ на нозе, а тој ги изиграл е превземен од Reporter.mk.