(Фото) Децата на Ѓоковиќ залепени до телевизорот го бодрат тенисерот

Српскиот тенисер по седми пат стана шампион на „Австралија опен“, а поддршка покрај големиот број фанови кои го следеа, најмногу доби од неговото семејство.

Меѓу милионите фанови, посебно на новиот триумф на Ноле се израдуваа неговите деца. Малиот Стефан и Тара не се двоеја од телевизорот и одушевено го следеа секој негов потег на тенискиот терен.

Фотографиите на кои се гледа како децата будно го следат мечот на нивниот татко, ги објави на социјалните мрежи сопругата на Ноле, Јелена.  Таа на крајот седна до нив прегрнувајќи ги ѝ честитајќи им го успехот на нивниот татко.

Ноле отсекогаш велел дека неговите деца се неговата најголема поддршка и инспирација во животот.

Текстот (Фото) Децата на Ѓоковиќ залепени до телевизорот го бодрат тенисерот е превземен од Reporter.mk.