Европската вселенска агенција планира да почне со ископување на руда на Месечината до 2025 година. ЕСА потпишала договор со производителот на ракетите Ariane, компанија која би требало да подготви мисија за вадење на реголит, камња од Месечината.
Месечината е целосно покриена со материјалот Реголит, кој се наоѓа до длабочина од најмалку 3,5 метри. Од него службите во Европската вселенска агенција велат дека може да се добие кислород, вода и потребно гориво.
Многу вселенски агенции веруваат дека ископувањето на руда на Месечината е клучно за воспоставување на постојани лунарни бази или колонии.
„Употребата на вселенските ресурси може да биде клучна за лунарното истражување и оваа студија е дел од севкупниот план на ЕСА, Европа да ја направи партнер во тоа истражување“, изјавил еден од директорите на агенцијата Дејвид Паркер.
Ariane Group, европскиот конзорциум за вселенски истражувања и развој на ракети, објавил дека во мисијата нема да биде вклучено испраќањето на луѓе на Месечината, туку роботска опрема.
„Оваа година се одбележува 50. годишнина од првото чекорење на Месечината. ArianeGroup ќе ги поддржи сите постоечки и идни европски проекти за да Европа има независен и суверен пристап до Месечината“, изјавил првиот човек на компанијата Андре Хуберт Расел.
Текстот Европа сака да вади руда од Месечината е превземен од Reporter.mk.