Селма Хаек и Алек Болдвин ги играат главните улоги во претстојната комедија “Drunk Parents” , која ќе сприкажува в кино во април оваа година. “Drunk Parents” е ново филмско остварување на режисерот Фред Волф, познат по бројните комедии како што се “Grown Ups”, “House Bunny”, “Little Nicky”, “Black Sheep”. Сценариото заедно го напишаа Волф и Питер Голке.
Приказната на филмот започнува кога Ненси и Френк, улогите кои ги толкуваат Хаек и Болдвин, ќе останат будни цела ноќ и ќе пијат откако ќерката ќе им ја исфрлат од факултет. Нивното пијанство ќе резултира со донесување на погрешни одлуки, киднапирање и сериозен случај со замена на идентитет.
“Двајца пијани родители се обидуваат да ги сокријат сите поголеми финансиски потешкотии од својата ќерка и друштвата кои ги опкружуваат”, се наведува во описот на филмот.
Покрај Хаек и Болдвин, во филмот глумат и Брижет Мојанхан, Џо Манганиело, Трит Вилијамс, Џим Гафифан и многу други.
Премиерата е закажана за 19 април во Америка.
Текстот (Видео) Пијани Селма Хаек и Алек Болдвин е превземен од Reporter.mk.