Берлин, Меѓународниот ден на жената ге прогласи за државен празник, а со тоа и за неработен за сите вработени во државниот и приватниот сектор, пренесе „Дојче веле“ .
Иницијативата за првпат се појави во 2018 година и тоа од страна на градоначалникот на Берлин, Михаел Мулер, а од неодамна ја доби и поддршката од владата (владеечката коалција на Социјалдемократите, левите и зелените партии).
Светските медиуми пренесуваат дека ова е историски чекор, а ваквата одлука би можела да влијае позитивно на милионите германски работници, но воедно ќе претставува оддавање почит на политичката заднина на Меѓународниот ден на жената.
За потсетување, 8.Март се слави на иницијатива на германската политичарка и борец за женските права и работење, Клара Цеткин, а борбата за истите во голема мера се одвивала токму во Берлин.
Исто така, се потенцира од владејачката коалиција е дека освен што станува неработен ден, многу е важно 8.Март да остане со политичка заднина, а тој ден да се излезе на улиците за борба за праведно општество, бидејќи бробата за рамноправност по национални, родови и етички критериуми не престанува.
Со оваа одлука, Германците го добиваат десеттиот државен празник.
Текстот Берлин го прогласи 8.Март за неработен ден е превземен од Reporter.mk.