Посветеноста на што е можно подобро и посеопфатно образование на идните генерации за состојбата во која им ја оставаме Земјата, преставниците на американската сојузна држава Конектикат ги носи до обид да го вметнат предметот за климатските промени како редовен предмет уште во основното образование.
Кристин Палм, демократ од градот Честер, предложи закон кој превидува задолжителна училишна обука во областа на климатските промени во државните училишта во Конектикат. Ако законот предложен од Палм, биде прифатен, климатските промени во Конектикат ќе станат предмет уште од основно училиште. Тоа би бил и првиот нацрт во САД, кој ги прави темите за климатските промени задолжителен предмет во основните училишта.
„Многу училишта веќе имаат проучување на климатските промени како изборен предмет, но тој не треба да биде селективен“, вели Палм. „Мислам дека тој мора да биде задолжителен. И мислам дека треба да се почне рано, па затоа нема изговор за децата да растат во незнаење за тоа што се случува со планетата“.
Палм верува дека климатските промени се толку итни и ни се закануваат што само по себе треба да биде главен приоритет во образованието на децата.
Текстот Климатските промени како предмет уште во основно училиште е превземен од USB.mk.