Дејвид и Викторија Бекам го покажаа за јавноста својот раскошен дом кој вреди 31,5 милиони фунти.
Пензионираниот фудбалер Дејвид (43) и неговата сопруга, поранешната пејачка и модна дизајенрка Викторија Бекам (44) се големи љубители на социјалните мрежи, а нивните обожаватели често имаат можност да ја видат внатрешнсота на нивниот дом во Лондон.
Иако поради работата со која се занимаваат, двојката често е приморана да патува во Америка во Лос Анџелес, велат дека секогаш со задоволство се враќаат во Лондон.
Во уредувањето на домот на Бекамови, голема улога играла и самата Викторија, која на социјалните мрежи често знае да се пофали со раскошното уредување. Раскошната вила пред нејзината интервенција изгледала поинаку.
Викторија се потрудила домот во кој живееле и нејзините родители, да не биде премногу „студен“, а тоа го постигнала со посебни рустични детали, со кои му дала одредена топлина.
Нискиот ходник, поплочен со црно-бел мермер, води до нивната раскошна трпезарија во која главно доминира дрвото. Наместо маса, славната двојка седи на рустични клупи кои се обложени со удобна ткаенина. Тие се бели и со беж боја.
Во кујната семејството вели дека со задоволство го минува слободното време. Дејвид неодамна на пријателите на Инстаграм им се пофалил дека знае ѝ да готви. За своето шестчлено семејство многу ретко подготвува палачинки во кои уживаат сите.
Луксузниот дом во Лондон има пространа теретана, студиски и вински подрум и уредена градина која редовно ја одржуваат околу десетина градинари. Поранешната „спајсица“ апсолутно ништо не препушта на случајот, па така постојано се надѕираат работите на нивнато раскошна семејна вила.
Семејството Бекам инаку не штеди на луксуз, па така неодамна за нивната семејна празнична забава, искеширале 300.000 куни. Во градината тие направиле спектакулеран огномет, за кој платиле 5400 евра.
Текстот (Фото) Бекамови го покажаа својот дом вреден 31,5 милиони фунти е превземен од Reporter.mk.