Френсис Ернест (92) и неговата сопруга Џун Плател (90) по 70 години брак, починале на 6 јануари. Двајцата лежејќи на креветите се држеле за рака во старечкиот дом во Австралија каде биле сместени.
Нејзината ќерка Аманда ги раскажува моментите поминати заедно со нив. Таа вели дека делеле иста соба, а креветите им биле доволно блиску за да можат да се држат за рака.
Аманда вели дека никогаш не сакале да се одвојат еден од друг. Животот им згасанал нешто пред полниќ. Таа чудно дишела, а тој бил невообичаено немирен.
„Медицинската сестра ги оставила, а кога се вратила десет минути подоцна, двајцата веќе беа мртви. Починаа мирно и заедно, баш како што посакуваа. Разликата меѓу нивната смрт била толку кратка што лекарот не можел да утврди кој од нив двајцата прв починал, па во извештајот го забележал истото време“, вели Аманда.
Норма, на чудење на лекарите, живеела нешто подолго од вообичаеното, со оглед на тоа што однапред ѝ била дијагностицирана Алцхајмерова болест. Прет три години ѝ рекле дека нема да го доживее Божиќ.
Претходно ја изгубила и моќта за говор. Френсис се обидувал сопругата да ја задржи дома. Иако имал помош, тој повеќе немал сила да се грижи за неа како што треба. Од ден на ден станувал се послаб.
Тој и зборувал, ја држел за рака. Заедно гледале телевизија на малиот кауч во дневната соба, а таа често знаела да му заспие на рамењата. Тој се одидувал да биде колку е можно помирен, за да не ја разбуди.
Подоцна ни тој повеќе не можел да живее сам. По преживеаниот мозочен удар, Френсис ги отворил очите ѝ ја барал неговата Менди.
„О, Менди. Сега сакам да одам дома“, изјавила Аманда, посочувајќи дека не знаела дали сакал да се врати во семејниот дом или во рајот.
„Никогаш нема да дознаам, но знам дека се умори од животот ѝ сакаше да пронајде мир. Мама лежеше покрај него и сè смееше“, се присетува Аманда.
Таа вели дека кога татко ѝ доживеал мозочен удар, останал врзан за креветот. Нејзината мајка иако била мобилна, само лежела во креветот покрај него. Кога тој одбивал да јаде, ни таа не сакаше да јаде. Ако не сакаше вода и таа одбиваше исто како него. Нивната поврзаност беше неверојатна.
„Тато често знаеше да раскаже како се запознале. Било тоа за време на еден танц. Таа била облечена во светлосин фустан, а на својата црвенкаста коса имала закачено цвеќе. Мислел дека гледа во филмска ѕезда. И мама знаеше да ја прераскаже нивната средба. Често зборувала дека по тој танц, таа се вратила дома и на нејзината сестра близначка и рекла дека го запознала момчето за кое ќе се омажи“, вели Аманда.
Френсис на својата сопруга ѝ купил венчален прстен во облик на ружа. За да го добие, морал да го продаде својот стар мотор „Харли Дејвидсон“.
Аманда го пронашла и писмото кое нејзината мајка му го испратила на нејзиниот татко на самиот почеток на нивната врска.
„Мојот драг сакан Френсис, толку сум возбудена што ќе станам твоја жена. Ти се заветувам сега пред Бога дека ќе те сакам со целото мое срце и повеќе од кој било друг, до крајот на мојот живот“, пишувало во писмото.
A love like no other
70 years married, the parents of AMANDA PLATELL died hand in hand – within minutes of each … https://t.co/vQJtlLID8a via @MailOnline
— NIRMANI DE PEIRIS (@De1Nirmani) January 28, 2019
За време на нивниот брак, Френсис и Аманда станале родители на три деца, една ќерка и два сина.
Аманда за последен пат ги видела своите родители за време на погребот.
„Телото на тато беше од левата страна, а на мама од десната, баш така како што спиеја во креветот. Ако срцето може да пукне од тага, моето тој ден се распарчи додека ги гледав заедно за последен пат, еден покрај друг, како што беа во последните повеќе од 70 години“, раскажува Аманда.
Текстот Австралиска двојка по 70 години брак, починале држејќи се за раце е превземен од Reporter.mk.