Систем на Hyundai што ќе го олесни возењето на лица со оштетен слух (ВИДЕО)

Автомобилскиот бренд Hyundai развива технологија што ќе им помогне на лицата со оштетен слух полесно да управуваат со возилото, пишува New Atlas.

Новата технологија на Hyundai комбинира вештачка интелигенција со звучни сензори коишто на возачот му помагаат полесно да се снаоѓа во околината во којашто се наоѓа со својот автомобил.

Системот им помага на овие луѓе, кои имаат високоразвиено чувство за допир, полесно да разберат што се случува со возилото и со сето она што ги окружува.

Посебни видови на звуци, преку системот, може да се конвертираат во визуелни звуци што ќе се појавата на дисплејот на возилото. Исто така, навигацијата му помага на возачот полесно да се снаоѓа преку разнобојни LED светла што се вметнати во воланот, па се вклучуваат во правецот кон којшто треба да се движи.

Текстот Систем на Hyundai што ќе го олесни возењето на лица со оштетен слух (ВИДЕО) е превземен од USB.mk.