Сибирска зима во САД, температури и до 53 степени под нулата

Делови од Соединетите Американски Држави до крајот на неделата ќе ги зафатат многу ниски температури, кои ќе се спуштат и до минус 53 степени целзиусови, предупредуваат метеоролозите.

Најстудено се очекува да биде денес, а градот Чикаго се очекува да биде постуден и од Антарктикот. Метеоролозите велат дека волку ниски температури се случуваат еднаш во 25 години. Ваквите температури ќе ги почувствуваат најмалку 55 милиони луѓе.

Во Северна Минесота ветерот на температурата се има спуштено дури на -51 степен целзиусов. Американските племенски староседелци, им помагаат на луѓето да донесат работи за греење поради се постудените временски услови кои го зафатиле овој регион.

Во Индискиот резерват во Дакота, голем број на луѓе живеат во деценија на стари згради кои се веќе делумно уништени, или во куќи кои владата ги има изградено во случаи на природни катастрофи како урагани.

Вонредна состојба е прогласена во Висконсин, Мичиген, Илиноис, Алабама и Мисисипи, а властите во Ајова ги предупредија граѓаните дека за време на својот престој на отворено, да не дишат длабоко и да не зборуваат премногу.

Крис Фербенкс, една од староседелците во Минесота, вели дека ситуацијата е страшна и дека официјалните лица и служби се трудат на секаков начин да помогнат.

Затворени се повеќе од илјада школи, воглавно на северозападот на САД. Американскиот метеоролошки завод објавил дека само за 10 минути престој на ваков студ, можно е да доведе до сериозни замрзнувања и повреди.

 

По овој повод се огласил и претседателот Доналд Трамп, кој на Твитер напишал дека на преубавиот Среден запад, ледените температури стигнуваат и до – 60 степени, а дека луѓето не можат да издржат надвор неколку минути.

„Што се случува со тоа глобално затоплување? Те молам врати се брзо, ни требаш“, напишал Трамп на социјалните мрежи.

 

Текстот Сибирска зима во САД, температури и до 53 степени под нулата е превземен од Reporter.mk.